Почнува Регионалната лига, Вардар денеска го игра првиот натпревар!

Денеска ќе почне новоформираната Регионална лига и тоа со натпревар помеѓу Вардар и Војводина во Охрид.

Натпреварот помеѓу „црвено-црните“ и српскиот претставник е закажан за во 17:00 часот СРЦ „Билијанини Извори“. Овој дуел првично беше планиран за осмото коло, меѓутоа поради густиот распоред средбата е поместена, па така ќе се искористи периодот пред турнирот „Крсте Андоновски“.

Војводина по дуелот со Вардар ќе остане во Охрид каде што ќе игра и против домаќинот на турнирот, таа средба истовремено ќе се смета и за натпревар од Регионалната лига.

Преостанатите два македонски претставници Алкалоид и Пелистер првите натпревари во ова натпреварување ќе ги играат кон крајот на август.

Покрај македонските екипи, Регионалната лига во првата сезона ќе ја сочинуваат уште екипи: Србија и Црна Гора.