Фабијани се збогува: Заминувам со мирна совест, љубовта и почитта кон Вардар ништо нема да ја смени
Сега Фабијани се огласи со писмо во кое се заблагодари на неговите соработници и изрази гордост што имал можност да седи на клупата на најтрофејниот македонски клуб.
Исто така тој порача и дека заминува со мирна совест знаејќи дека направи сè што можел.
„Денес дојде моментот да се збогувам со овој клуб и сакам тоа да го направам од срце, бидејќи зад секој натпревар, секој тренинг, секое патување и секоја тешкотија остануваат многу искуства и спомени кои засекогаш ќе ги носам со себе.
Сакам да им се заблагодарам на играчите, стручниот штаб, вработените во клубот, раководството и, особено, на сите навивачи кои беа со нас. Од првиот ден се трудев да дадам сè од себе, со посветеност, работа и страст кон фудбалот.
Знам дека во фудбалот околностите и одлуките понекогаш прават патиштата да се разделат. Но, тоа не го менува почитувањето и љубовта што ги носам со себе кон Вардар и кон сите луѓе кои се дел од овој клуб.
Заминуваам со мирна совест, знаејќи дека дадов сè од себе во секој ден од мојата работа. Со себе носам и многу научени лекции, пријателства и моменти кои засекогаш ќе останат во моето сеќавање.
Од срце му посакувам на Вардар да продолжи да расте, да се натпреварува и да остварува големи успеси. Овој клуб има огромна историја и луѓе кои заслужуваат многу радости.
Ти благодарам, Вардар, што ми овозможи да бидам дел од твојата историја.
До некоја следна средба и многу среќа!“, порача Аргентинецот.
Вардар ќе потсетиме, загуби и во првиот натпревар по заминувањето на Фабијани откако за викендот претрпе пораз на гости кај Струга од 1-0.