Милан ги шокира навивачите, ќе плати 50 милиони евра за анонимус

Екипата на Милан договори ново засилување и тоа Диего Мореира од Стразбур за кого ќе платат дури 50 милиони евра. 

Претходно „росонерите“ му платија на ПСЖ 74 милиони евра за Гонзало Рамош, иако неговата пазарна вредност во тој момент се проценуваше на 25 милиони евра. Сега слична сума издвоија и за Мореира, чија проценета вредност исто така е 25 милиони евра.

Интересно е што агент на двајцата фудбалери е познатиот Жорж Мендеш.

Мореира настапува на позицијата лево крило и зад себе има добра сезона во француската Лига 1. За Стразбур постигна пет гола и запиша седум асистенции. Неговото пристигнување во Милан дополнително ги засилува најавите дека Рафаел Леао би можел да замине од „Сан Сиро“.

Мореира беше дел од репрезентацијата на Белгија на Светското првенство, но од шест можни натпревари, само еднаш доби шанса од клупата. Претходно настапуваше и за младинските селекции на Португалија, чие државјанство исто така го поседува.

Фото: RC Strasbourg Alsace