Немања Видиќ даде исказ во Јавното обвинителство за организиран криминал!
Немања Видиќ исказот го дал во постапка која се води во Јавното обвинителство по кривична пријава која поранешниот српски репрезентативец ја поднел против Славиша Кокез поради загрозување на сигурноста.
Кривична пријава против Кокез поднел и Немања Матиќ кој се придружил на Видиќ бидејќи и тој бил дел од преписките, и врз него бил планиран напад.
Дел од српските медиуми пишуваат дека Видиќ и уште неколку поранешни играчи се мета бидејќи го подржале Видиќ во кандидатурата за претседател на Фудбалската федерација на Србија. Се споменуваат и Данко Лазовиќ и Драган Мрѓа.