Јокиќ брзо во новата сезона ќе се качи на прво место на вечната листа во НБА!

Никола Јокиќ пред Нова Година веројатно ќе стане играчот со најмногу трипл-дабл учиноци во историјата на НБА лигата.

Повлекувањето на Расел Вестбрук значи дека само прашање на време е кога Никола Јокиќ ќе го надмине и ќе стане најдобар во оваа категорија. За такво нешто на Србинот му требаат уште 12. трипл-дабл натпревари.

Јокиќ првото место ќе го преземе со речиси 500 натпревари помалку од Вестбрук.

Србинот минатата сезона ја заврши со 198. трипл-дабл учиноци, што значи дека му се потребни само уште 11 за да се изедначи со Вестбрук кој има 209. Јокиќ досега има одиграно 810 НБА натпревари, а Вестбрук се повлече со 1.301 меч.

Јокиќ ќе го надмине Вестбрук и само ќе ја зголемува бројката која ќе биде недостижна за сите други кошаркари уште многу долго време.