Вардар почна со продажба на билетите за четвртфиналето во СЕХА

Македонскиот шампион Вардар во четвртфинале од регионалната СЕХА-лига ќе се соочи против Нексе од Нашица на 23 август, а денеска ги пушти во продажба билетите за натпреварот.

Вардар ги пушти во продажба билетите кои ќе чинат од 60 до 150 денари со цел да привлече повеќе публика во СЦ „Јане Сандански“.

Во четвртфиналето на СЕХА игра и Пелистер, кој во Битола ќе го пречека Мешков Брест.