Тимот на месецот во СЕХА на крилата на македонските тимови! (ВИДЕО)

Во идеалниот тим на СЕХА-лигата за месец септември се наоѓаат дури тројца ракометари на македонските екипи Еурофарм Работник и Вардар.

Од екипата на Е. Работник беа избрани двајца ракометари, односно Ловро Јотиќ и Никола Митревски, додека од тимот на Вардар во идеалниот тим се најде Тимур Дибиров.

Покрај ракометарите од македонските екипи, во идеалниот тим се наоѓаат уште Јовица Николиќ (Војводина), Дарко Ѓукиќ (Мешков Брест), Расмус Лауге (Веспрем) и Максим Бабичев (Мотор Запорожје).