Србија добива селектор Шпанец- не е Дејвис, ниту Гонзалес

Ракометната федерација на Србија се очекува наскоро да го промовира новиот селектор на машката репрезентација и наследник на Ненад Перуничиќ. Медиумите кај нашиот северен сосед велат дека нов предводник од клупата ќе биде Шпанецот Тони Џерона. 

Се работи за поранешен тренер во младинските категории на Барселона, а четири сезони бил и помошник во првиот тим на Каталонците. Од 2015 до 2017 работел во тимот на Ел Џаиш во Катар, а најголемиот успех го имаше како селектор на Тунис, па во 2018 го освои Африканскиот шампионат. Во 2019 година година седна на клупата на францускиот прволигаш Шарт, а откако не го повтори успехот со Тунис на следниот Африкански шампионат, заработи отказ овој јануари.

Долго време низ српските медиуми се шпекулираше со имињата на поранешните тренери на Вардар, Давид Дејвис и Раул Гонзалес. Челниците на федерацијата се решија за шпански тренер, но не за оние кои имаат искуство во Македонија.