Службено реми за Загреб и Татран, отворен е противникот на Вардар

Натпреварот меѓу Татран Прешов и ППД Загреб, кој требаше да се одигра утре е откажан и регистриран со службено реми, информираа од СЕХА-лигата.

По неколку одложувања и долго барање нов термин за одигрување на натпреварот, комесарот за натпревари при СЕХА-лигата, Марјан Начевски, донесе одлука да биде регистриран со резултат 5-5 и двете екипи да добијат пое ден бод. Последниот предложен термин беше 1 мај, но и за двете екипи било неизводливо да се организираат, откако и претходно не успеаја да најдат термин.

Со овој освоен бод ППД Загреб ќе се пробие на првото место во групата А, со 10 бода, еден повеќе од Еурофарм Пелистер, со што ќе стане потенцијален противник на Вардар во четвртфиналето. Прашањето е дали ќе остане на таа позиција, иако има уште два меча за одигрување. Првиот од нив е против Металопластика и ако се најде термин и се одигра голема е веројатноста Загреб да победи, со што би станал недостижен за Е. Пелистер и автоматски би се потврдил како четвртфинален противник за Вардар.

Меѓутоа, ако се случи тој меч да биде административно решен, па Загреб освои само бод или биде службено поразен, тогаш останува меѓусениот дуел со Е. Пелистер да се одигра како директна пресметка за првото место. Вардар во меѓувреме треба да го одигра осминафиналето со Металопластика, па потоа да вкрсти со првиот во групата А.