Шеваљевиќ: Имавме лош почеток, но се вративме и обезбедивме четвртфинале!

Поранешниот европски првак Вардар ја оствари својата цел и се пласираше во четвртфиналето на СЕХА-лигата откако двапати ја совлада Металопластика.

Црногорскиот бек Васко Шеваљевиќ кажа дека натпреварот почнал лошо за „црвено-црните“, но успеале да се вратат во игра и да ја остварат целта.

„Ова е последен меч за сезонава, најважно е тоа што ја остваривме целта и се пласиравме во четвртфинале на СЕХА-лигата. Важно е тоа што никој не се повреди затоа што се плашевме од такво нешто. Натпреварот почна лошо, но потоа постигнавме лесни голови и заслужено победивме“, вели Шеваљевиќ.