Проблеми за Червар: Отпадна Степанчиќ, a Карачиќ е неизвесен за СП

Селекторот на хрватската ракометна репрезентација Лино Червар го објави списокот на ракометари на кои ќе смета на претстојното Светско првенство во Египет. 

На спискот од 21 ракометар го нема Лука Степанчиќ, кој е повреден, а неизвесен е и Игор Карачиќ, кој исто така има проблем со повреда на препоните. Тој ќе одмора неколку дена во својот роден Мостар, па доколку се опорави, ќе биде вклучен во конечниот список на патници за Египет. Одби да направи операција, па се надева дека со рехабилитација неговата состојба ќе се подобри и ќе може да настапи на Мундијалот. 

На конечниот список на Червар се најдоа тројца Хрвати ко играат за македонски екипи, а тоа се крилата Иван Чупиќ (Вардар) и Златко Хорват (Металург), како и Јосип Векиќ (Вардар).