Пелистер се намачи против Црвена Звезда за стартна победа на турнирот во Добој

Екипата на Пелистер со минимална победа од 28-27  против Црвена Звезда го започна турнирот во Добој.

Македонскиот претставник во натпреварот влезе како голем фаворит, но до крајот во израмнет натпревар се мачеше да дојде до победата. Белградскиот тим на полувремето имаше и предност од два гола разлика 14-16.

Во второто полувреме Пелистер сепак успеа да дојде до пресврт за стартна победа.

Филип Кузмановски со девет постигнати гола беше предвник на битолскиот состав, а одлична поддршка имаше од Дејан Манасков кој средбата ја заврши со седум гола. Во редовите на Звезда се истакна Вујишиќ и Давидовиќ со по пет постигнати погодоци.

Утре пелистерци ги чека натпреварот против Татабња и тој дуел на програмата е до 21:00 часот.