Пелистер го доби „малото финале“ против Нексе во СЕХА

Ракометарите на битолски Пелистер триумфираа во „малото финале“ на СЕХА-лигата против хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице со 27-23 и така го освоија третото место.

На почетокот на мечот немаше многу голови на двете страни, но Нексе водеше со 7-5, по што се случи серија од 3-0 на битолскиот состав за пресврт 8-7. По што беше забележана возбудлива битка во продолжение на првиот дел, кој им припадна на Хрватите со 13-12.

Хрватскиот вицешампион имаше предност од 14-12 на стартот на вториот дел, па првите 10 минути од второто полувреме се покажаа и решавачки за Пелистер, кој со серија 6-1 поведе 18-15 и така му избега на незгодниот противник.

Пелистер до крајот на мечот ја бранеше предноста од нападите на хрватскиот состав, а на мечот блесна Лејска со неверојатни 12 интервенции.

Најефикасен во битолскиот состав беше Хосни со шест погодоци, додека Јелиниќ беше најдобар кај Нексе со четири гола.