
Охрид ја прегази Бурса и ќе се бори за пехарот на струшкиот турнир!
По воведната победа против Струга, Охрид денеска славеше и над Бурса Нилуфер од Турција и тоа со десет голови разлика.
Со оваа победа Охриѓани го освоија првото место во групата и ќе играат во финалето на турнирот.
Бурса вечерва беше рамноправна само на почетокот од мечот, потоа Охрид почна да се одлепува, на полувремето имаа предност од 16-13. Во вториот дел охриѓани заиграа уште подобро, турскиот тим изгледаше немоќно и на крајот го положи оружјето, конечниот резултат гласеше 38-28.
Охрид играше тимски ракомет па и покрај тоа што дадоа 38 голови, најефикасниот Ојлески имаше шест голови, пет даде Лиапис, по четирипати погодија Иванковиќ и Стрмљан. Ченевски запиша осум одбрани. Најдобар кај Бурса беше Билим со десет голови.