Некогаш беше светски првак, а сега го бркаат од Војводина, Пелистер...

Управата на Војводина реши да му даде отказ на тренерот Касим Каменица, откако актуелниот шампион на Србија загуби од Жлезничар во финалето на Купот на Србија.

Војводина загуби со 19-21, сосема неочекувано, кога имаше статус на голем фаворит. Згора на тоа, Касим Каменица одби да го прими сребрениот медал, што исто така било причина за да ја прекинат соработката со него, информира „Балкан-хендбол“.

Каменица беше тренер на Војводина само три месеци, откако претходно беше отпуштен и од Загреб, иако таму почна во август. Минатата сезона, пак, беше отпуштен и од Пелистер, среде плејофот, по една серија лоши резултати.

Каменица смени веќе шест клуба од 2013 година наваму, кога се активира повторно како тренер, по пауза од три години. Има 63 години, а во кариерата бил тренер на 24 клуба (некои со повторување), во периодот од 1982 година до денес, со пауза од три години. Во таа кариера има и врвни успеси, како златото до СП за јуниори во 1987 година.