Манасков одличен за трет триумф за Веспрем во унгарското првенство

Македонскиот ракометар Дејан Манасков продолжи со одличните настапи за неговиот тим Веспрем, кој ја запиша третата победа во унгарското првенство, а денешна „жртва“ има беше Веспреми ККФТ (37-21).

Веспрем доминираше од стартот на натпреварот, па на полувремето нивната предност изнесуваше пет гола (16-11), додека на крајот без проблеми зголемија на 37-21.

Манасков постигна пет гола за Веспрем и одигра важна улога во мечот.