Манасков ја доби наградата за најдобар ракометар на Веспрем (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков уште во јуни беше прогласен за најдобар играч за претходната сезона на унгарски Веспрем, но дури сега ја доби наградата.

Веспрем сезонава не почна најдобро, а со лошите резултати продолжи и по пристигнувањето на новиот тренер Давид Дејвис и покрај тоа што Манасков игра добро за унгарскиот клуб.