Ливриниќ после шест години во Романија замина на печалба во Унгарија

Поранешната македонска ракометна репрезентативка Елена Ливриниќ после шест години на печалба во Романија, се пресели во Унгарија и е нов член на Шомбатели.

Ливриниќ (27), која игра на позиција лев бек денеска и официјално беше промовирана како една од низата засилувања на унгарскиот тим, а таа е екс-ракометарка на ЖРК Металург, а потоа во Романија играше за Данубиус Галати, Рапид Букурешт, Глорија Бужау и Слатина.

„Време е за нов почеток“, објави Ливриниќ после промоцијата во новиот клуб.