Европската круна со Вардар му донесе уште едно големо признание на Милосављев!

Поранешниот голман на ракометниот клуб Вардар, Дејан Милосављев, е прогласен за „Играч на годината“ во Србија за 2019 година.

Тој минатата сезона ги бранеше боите на македонскиот ракометен првак со кој ја освои титулата во Лигата на шампионите и воедно беше еден од најзаслужните за овој дострел на „црвено - црните“, иако вардарци не важеа за фаворити на Ф4 турнирот во Келн.

По феноменалната авантура во вардаровиот дрес, Милосављев ова лето се пресели во Бундеслигата, каде продолжи со одличните настапи овој пат во дресот на Фуксе Берлин. Тоа знаеше да го награди Србија која го прогласи за „Играч на годината“.