Бутел ќе учествува на првиот меморијален турнир „Денис Тот“

Македонскиот суперлигашк Бутел, ја прифатил поканата да учествува на ракометниот меморијален турнир Денис Тот, кој ќе се одржи идниот викенд во Ѓаково.

Турнирот го организира неговото семејство и матичниот клуб од родното Ѓаково, со надеж и очекувањ да прерасне во традиција која ќе го чува споменот за прерано згаснатиот животна Денис Тот.

На првото издание, кое ќе се одржи претстојниов викенд (3-4 јуни) ќе учествуваат РК Ѓаково, РК Осјек, РК Грачаница и нашиот Бутел. Се планира в сабота да се одиграат полуфиналните средби (одредени со ждрепка), а в недела дуелите за прво и за трето место.

Денис Тот беше убиен во Скопје, а неговиот случај доби и судска разврска со вкупна казна затвор од 52 години за тројцата обвинети.