
Заврши зимницата од Вардар: Македонија остана без директно место во ЛШ!
Македонија сега е на 13. позиција со што забележи пад од дури пет места на клупската ранг-листа за сезоната 2024/25, па го загуби местото меѓу првите девет нации за кои има гарантирана позиција во европската елита. Сега дури и шампионот ќе мора да се надева на милост од челниците на ЕХФ, кои во иднина ќе имаат поригорозни проверки на кандидатите за место во ЛШ. Освен буџетот и квалитетот на екипата, на потенцијалните кандидат ќе им се проверува интересот кој го предизвикува во јавноста, финансиската сигурност, како и телевизискиот пазар односно колкав е пазарот на кој ќе може да се промовира маркетингот на ова натпреварување.
Ваквиот пад е резултат на крајот на зимницата која ја обезбеди екипата на Вардар со серијата одлични игри во повеќе сезони, со оглед на двете европски титули на овој тим, но и редовните пласмани најмалку во осминафиналето. За сегашната ранг-листа на клубовите е земено остварувањето на тимовите за сезоните 2020/21, 2021/22 и 2022/23.