Во Монпеље уште плачат: Судењето на мечот против Вардар беше – скандалозно!

Актуелниот европски ракометен шампион, екипата на Вардар, со триумф на саботното гостување кај Монпеље (33-31) ја почна новата сезона во Лигата на шампионите, меч за кој во таборот на противникот сѐ уште се зборува.

Тренерот на француската екипа, Патрис Канаје, и по три дека не може да го прежали поразот, потенцирајќи во медиумите од оваа земја дека виновници за тоа се – судиите. Според него, судењето било скандалозно.

„Првпат во кариерата ги повикав судиите во соблекувалната за да им покажам каде грешеа, пред сѐ за ситуацијата во која удар доби нашиот играч Афгур и кој не можеше да го продолжи натпреварот. Ракометарот на Вардар, пак, наместо да добие син картон за својот старт го доигра мечот, што беше скандалозно само по себе и го уништи тоа што сакавме да го направиме. Судиите ми се извинија за таквата одлука, но каква полза имам од тоа. Вакво судење немаме ниту на гости, а не, пак, дома“, изјави Канаје.

Ова е втора сезона по ред која Вардар ја почнува со триумф на гостувањето кај Монпеље.