Вардар го совлада Кил со 29-28, иако на 20-тина секунди до крајот на мечот се бранеше од пораз. Триумфот дојде со гол од аут, на Македа, откако „Зебрите“ згрешија и оставија празен, небранет гол. Тренерот Алфред Гисласон не можеше да се соземе. За пласман во Келн, Вардар треба да го сочува овој триумф на реваншот во Скопје, в недела во 17 часот.