Вардар вечерва го пречекува Тулуз, но и ќе чека добри вести од Шведска

Вечерва ракометарите на Вардар во терминот од 18:45 часот ќе го играат натпреварот против Тулуз кој е последен од групната фаза во Европската лига.

Вардар веќе е сигурен патник во следната фаза, но посакува победа за одржување на добриот ритам, а за потврда на првото место потребна е победа. Тулуз е последен во групата и без бодови, па така сигурно ќе има за цел да избегне да ја заврши групата со „нула“.

Фаворитската улога е на страната на Вардар, иако се очекува шанса од Чупиќ да добијат и ракометарите кои играат помалку.

За македонскиот тим важен ќе биде и исходот во Шведска каде што Сесвете гостува на Кристијанштад, а на „црвено-црните“ потребна им е победа на хрватскиот тим за во главната фаза да пренесат четири бода место два, ако таму оди Кристијанштад.

Натпреварот во Шведска се игра исто така во терминот од 18:45 часот.