
Вардар се врати од мртвите во Охрид за да остане во трка за титулата!
По водството на Вардар од 0-1 домаќините заиграа многу подобро и набрзо стигнаа до водство од четири гола разлика (7-3). Тука следуваше серија на Вардар од три гола со која црвено-црните се вратија на „минус еден“, но Охрид одново заигра подобро и ја врати предноста.
Успаа домаќините да дојдат и до водство од пет гола со кое заминаа и на пауза (16-11). Се до средината на второто полувреме Охрид изгледааше сигурно, поведе и со највисоки „плус шест“ (23-17), но Вардар не се откажа и со серија од 10-3 во последните осум минути најмногу благодарение на голманот Гогов се врати во натпреварот.
Токму по една одбрана на Гогов и контра преку Борозан Вардар дојде до израмнување на 26-26 на три минути пред крајот. Не успеа Охрид да го издржи завршниот налет на „црвено-црните“, па Вардар за првпат по оние 0-1 и поведе со резултатот кој беше и конечен.
Гогов натпреварот го заврши со 11 одбрани, додека Борозан беше најефикасен кај Вардар со девет погодоци. Во редовите на Охрид Орион Никидѕе запиша 10 погодоци.