Драма во Аргентина: Маскирани напаѓачи раниле петмина навивачи (ВИДЕО)

Драматични сцени го прекинале натпреварот во Аргентина на стадионот „Ева Перон“ помеѓу Сармиенто и Баракас Централ.

Според информациите, двајца маскирани напаѓачи на мотор испукале повеќе куршуми и раниле петмина навивачи, а за среќа никој од нив не е животно загрозен. Аргентинските медиуми објавија дека инцидентот бил продолжување на конфликтот помеѓу ривалските навивачки групи на Сармиенто.

Натпреварот на крајот започнал со 15-тина минути доцнење додека полицијата не успеала да ја обезбеди безбедноста на стадионот, а дуелот заврши без победник 1-1.