
Рома даде гол во 22. секунда и го победи Емполи! (ВИДЕО)
Мечот стартуваше неверојатно, гостите уште во првата акција победија, течеше 22. секунда кога Суле ја смести топката во мрежата на Емполи.
Тимот на Раниери беше доминантен и повеќе имаше можност тие да дадат втор гол отколку Емполи да избегне пораз.
Погодокот на самиот почеток од мечот беше и единствениот на натпреварот, конечниот резултат гласеше 1-0 за Рома.