
Аталанта го понижи Јуве среде Торино - дебакл на гигантот! (ВИДЕО)
Јувентус одигра исклучително лош натпревар, дури може да е и среќен што не доживеа и покатастрофален пораз.
Резултатот го отвори Ретеги со гол од пенал во 29. минута од натпреварот. Тоа беше и единствениот погодок во првиот дел.
По само неколку секунди игра во второто полувреме Де Рон зголеми на 2-0 за Аталанта.
Во 66. минута Запакоста даде гол за 3-0, а десет минути подоцна Лукман ги постави конечните 4-0 за Аталанта.
Ако Лацио утре го победи Јувентус, старата дама може да падне и на петтата позиција на табелата во Серија А.
Аталанта во следното коло игра против лидерот Интер од кој има само три бода помалку.