Ивановски со победа ги почна квалификациите во Пореч

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски со победа ги почна квалификациите на ИТФ турнирот кој се игра во Пореч, Хрватска.

Тој денеска беше подобар од Макс Батјутенко од Казахстан со 2-0 во сетови, 7-6(2) и 6-2.

Ивановски во второто квалификациско коло ќе игра против Марко Николиќ од Србија.

Турнирот „Истраска Ривиера“ се игра за награден фонд од 15.000 долари, на отворено на земјена подлога.