Многу шанси, два гола и реми на големото дерби меѓу Јунајтед и Арсенал! (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед и Арсенал одиграа нерешено 1-1 во големото дерби од Премиер лигата, домаќините можат да жалат за пропуштените шанси.

Манчестер Јунајтед не го надигра Арсенал, но имаше поконкретни шанси за гол, а со тоа беше и поблиску до победата која сепак не ја забележа.

Јунајтед поведе во судиското продолжение од првиот дел со прекрасен погодок на Бруно Фернандеш од слободен удар.

Арсенал израмни на 15 минути пред крајот со гол на Деклан Рајс.

На овој резултат најмногу се израдува Ливерпул кој ова коло дополнително ја зголеми предноста на врвот.