
Омерагиќ не дозволи Силекс да слави во Кратово!
Вардар денеска се соочи со проблеми уште пред почетокот на натпреварот и поради дупната гума на автобусот доцнеа во Кратово и дуелот започна половина час подоцна.
Најдобриот стрелец на кратовскиот тим Ади Алиќ кој ја искористи лошата интервенција на голманот Талески и погоди по 12 минути игра и ги доведе домаќините во водство.
Остана Силекс и со играч помалку по исклучувањето на Илија Донов во завршницата од првиот дел. Вардар со играч повеќе на теренот имаше иницијатива, но се до завршницата не успеваше да го најде патот до мрежата.
Во последните моменти од средбата по еден корнер, Омерагиќ најдобро се снајде во шеснаесетникот и ја затресе мрежата.
На табелата Силекс со ова реми по 23 кола за останува четири бода зад Шкендија која е лидер со 49. Вардар од друга страна е осми со 21, колку што има и Брера.