Митровиќ хоспитализиран поради проблеми со срцето

Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ итно бил хоспитализиран поради проблеми со срцето, објавија медиумите во Саудиска Арабија.

Според нив, искусниот голгетер завршил в болницапоради физички стрес, а констатирана му е забрзана работа на срцето. Наведено е дека докторот му препорачал комплетно мирување, се додека не му помине и не се регулира бројот на отчуувања.

Митровиќ пред два дена се врати на терените по неколкумесечната пауза и постигнал гол во победата над Ал Фејха. Од тој настап можеше да се заклучи дека Митровиќ уште не е во посакуваната форма и покрај тоа што се запиша во листата на стрелците.