
Ивановски е балкански вицешампион во полумаратон – освои сребро среде Атина!
Тој патеката од 21,097 километри низ улиците на грчката престолнина ја мина за 1:05,19 часа, што беше за триесетина секунди полош резулат во однос на победникот Драго Лука Поп од Романија. Сребрениот медал на Македонецот е голем успех со оглед што го имаше седмото најдобро време во однос на конкурентите во Атина.
На трката настапи и нашата најдобра атлетичарка, Адријана Поп Арсова, која заврши како седма во женска конкуренција со време од 1:19,04 часа.