Хорор повреда на некогаш големата надеж на Барса: Можев да си ја видам коската (ВИДЕО)

Натпреварот од 25. коло од фудбалското првенство во Холандија помеѓу Фортуна Ситард и Хераклес во кој домаќините славеа минимална победа го обележи тешката повреда на некогашната голема надеж на Барселона, Ален Халиловиќ.

Се играше 25. минута кога Халиловиќ остана да лежи на теренот и да се држи за ногата.

По натпреварот хрватскиот фудбалер откри и дека можел да си ја види коската на ногата преку дупката направена од крампоните на неговата нога.

„Не ми е јасно како противникот не доби црвен картон. Ми ја затворија ногата со пет-шест конци. Бев шокиран кога ја видов коската на ногата преку дупката. За мене ова е чист црвен картон. Знам дека немаше намера, но дефинитивно судијата погреши“, изјави Халиловиќ.

Халиловиќ некогаш беше голема надеж на Барселона кога пристигна од Динамо Загреб прво во младинскиот тим, а подоцна во 2015 година доби шанса и во сениорскиот. Сепак, неговата кариера не се развиваше како што се очекуваше и подоцна беше дел од: Спортигн Хихион, Хамбургер, Лас Палмас, Милан, Стандард, Херневен, Бирмингем, Рединг и Ријека.