
Проблем во распоредот: Нема многу слободни термини за одигрување на мечот на Барса и Осасуна
Поради тоа беше одложен синоќешниот натпревар против Барселона, а тоа отвори и нови проблеми кога станува збор за распоредот. Со оглед на тоа што до крајот на сезоната има уште неполни три месеци, се поставува прашањето кога би се одиграл овој дуел, а да не направи проблем во регуларноста на сезоната во Ла Лига.
Во игра се неколку термини, но најизгледен се чини периодот околу 21 мај, односно меѓу претпоследното и последното коло во шпанското првенство. Се спомнува 27 март, но тешко дека Барселона ќе го прифати затоа што два дена претходно се играат квалификациски натпревари од Јужна Америка за Светското првенство што значи дека каталонскиот тим би ги немал на располагање Араухо и Рафиња.
Останатите термини зависат од тоа до каде ќе стигне Барселона во другите натпреварувања. Ако испадне од Атлетико во полуфиналето на Копа дел Реј, мечот би можел да се игра викендот меѓу 25 и 27 април кога е на програмата финалето од ова натпреварување. Исто така, ако не успее да стигне до полуфиналето во Лигата на шампионите, се отвораат уште неколку можности за одигрување на заостанатиот меч со Осасуна.