
Лејкерс загубија од Бостон, ама останаа и без Леброн на подолг период
Тој има повреда на препоните, слична како неколку откако дојде во Лејкерс, а иако по мечот беше оптимист и изјави дека ќе се врати за кратко време, излезе дека таа е потешка отколку што се очекуваше. Со оглед на тоа што до крајот на основниот дел од сезоната во НБА има уште нешто повеќе од еден месец, отсуството на Леброн ќе биде огромен хендикеп за Лејкерс во борбата за второто место во Западната конференција.
Лејкерс ги очекува тежок распоред во финишот од сезоната бидејќи по претстојниот меч против Бруклин, треба два пати да играат со Денвер и Милвоки, потоа со Феникс, Сан Антонио итн. Целиот товар ќе треба да го преземе Лука Дончиќ кој игра се подобро од натпревар во натпревар.