Далеку е Ѓоковиќ од најдобрите денови, вакво нешто не му се случило седум години

Навивачите на Новак Ѓоковиќ повторно се шокирани од раната елиминација на нивниот миленик на еден турнир, но и на нив полека им станува јасно дека српскиот ас ги минува последните години, можеби и месеци како тениски професионалец.

Синоќа тој доживеа пораз од Ботик ван де Зандшулп во второто коло од Индијан Велс и го претрпе третиот пораз во низа откако претходно предаде во полуфиналето од Австралија Опен и загуби на стартот од турнирот во Доха. Такво нешто последен пат му се случи во 2018 година кога се наоѓаше во сериозна резултатска криза, испадна во третото коло во Мелбурн, загуби од Даниел во Индијан Велс и од Пер во Мајами.

Сепак, мора да се знае дека тогаш имаше проблеми со повреди и брзо успеа да ја санира и да заигра на своето ниво. Сега се работи за голема резултатска криза бидејќи Ѓоковиќ нема освоено АТП титула од ноември 2023 година и се наоѓа далеку од посакуваната форма и далеку од оној Новак кој газеше се пред себе.