Вардар пушта дополнителен број билети за мечот со Кил
Билетите се за секторот за стоење во салата „Јане Сандански“ и ќе бидат по цена од 150 денари.
Гостувањето на германскиот гигант во сабота во Скопје очигледно предизвикува огромен интерес за разлика од пред неколку недели кога во „Јане Сандански“ дојде Порто. Тогаш трибините беа полупразни.