Вардар пушти во продажба блок-билети за спектаклите со Мелсунген и Бенфика!

Навивачите на Вардар од денеска можат да обезбедат блок-билети за двата домашни натпревари од главната фаза во ракометната Лига Европа против Мелсунген и Бенфика и тоа по промотивни цени што ќе важат ограничен период.

Ваквата продажба ќе трае една недела, по што ќе продолжи продажба на поединечни билети со повисоки цени. Со блок-билетот се резервира истото седиште за двата европски натпревари на „црвено-црните“. Најевтините блок-билети чинат само 300 денари за двата меча, додека во зависност од местото во салата „Јане Сандански“ тие ќе може да се купат и за 400, 500, 600 и 700 денари за најдобрите позиции.

Вардар главната фаза ја почнува со два бода, а во групата се уште Мелсунген, Бенфика и Кристијанштад. Со шведскиот претставник „црвено-црните“ веќе се сретнаа во групната фаза и славеа во Скопје.