Турда немоќна, Охрид победнички се врати во Европа

Екипата на Охрид која по седум години повторно играше еден европски натпревар вечерва славеше победа против романска Турда на домашен терен со 31:25 и така си обезбеди одлична предност пред реваншот на гости во Романија.

Влезе македонскиот претставник како фаворит во натпреварот, а на крајот таа улога и ја оправда.

Охригаѓни имаа предност скоро во текот на целиот меч, гостите водеа само на двапати со 1-2 и 2-3.

По тие почетни минути Охрид одржуваше предност од 2-3 гола разлика со која замина и на паузата (18-15).

Веќе на стартот од вториот дел избраниците на Алушовски започнаа да го трасираат патот кон победата и брзо стигнаа и до предност од седум гола (28-21). Во тој момент победникот веќе беше решен и прашање беше само конечниот исход.