Три гола за Лазаров во триумфот на Нант против ППД Загреб

Нант успеа да слави против ППД Загреб со 30-28 во тежок натпревар од Лигата на шампиони во кој победникот се решаваше во последните минути.

Двете екипи одиграа одличен натпревар, а по водството од 9-6 на Нант на средината на првото полувреме, Загреб се разбуди и до крајот на првиот дел направи пресврт за 14-13.

Хрватската екипа поведе и со три голови (16-13), но Нант се врати во игра и набрзо израмни на 16-16, по што до крајот на мечот се водеше израмнета игра, а во последните минути екипата на Кире Лазаров постигна три гола по ред за триумф од 30-28.

Ривера постигна 10 голови во победата на Нант, додека Лазаров постигна три гола од пет обиди кон противничкиот гол.

На вториот меч вечерва кој се играше во истиот термин Кил славеше против Алборг со 28-26.