Талант „петух“ е ништо за ова: Кјелце тешко го навреди Дибиров! (ФОТО)
Навивачите на Кјелце потврдија дека ривалството меѓу полскиот клуб и Вардар има сѐ поголеми димензии со секој нов натпревар. Со очигледна намера да го навредат еден од предводниците на црвено-црните, на трибините извадија транспарент на кој пишуваше „Дибиров, е*и се“. Со тоа, некој начин, сакаа да се одмаздат за навредата на поддржувачите на Вардар од минатата година, кога тие поставија транспарент на кој пишуваше „Талант - петух“, што на руски значело „Талант - пе*ер“.
Талант тогаш беше ептен нервозен по поразот од 27-28, па кажа дека би сакал лично да дојде човекот кој го напишал транспарентот и истиот да му каже „петух“.