Талант бесен: Тој што пишал дека сум „петух" нека дојде лично да ми каже! (ФОТО)

Талант Душебаев е познат како тренер кој тешко го контролира својот темперамент и дека не премолчува она што не му чини. Така беше и вечерва, по победата на Вардар против Кјлеце со 28-27.

Душебаев зборуваше за мечот, но зборуваше и за нешто што, очигледно, го погоди еднакво колку и поразот. На првиот ред од трибините, веднаш до теренот, се појави банер со содржина „Талант - петух“, а тренерот на Кјелце објасни што значело тоа и зошто го погодило.

„Ако некој знае што е петух на руски, тоа не е непочитување за мене. Тој што дозволил да се стави паролата и тој што ја ставил да дојде како маж, лично да ми каже и да се разговараме. Ние 60 минути се боревме на теренот и да видам такво нешто тоа е не почитување. Знаете што значи 'петух' на руски? Тоа значи педер. Затоа тоа е голема непочит“, се изјасни разбеснатиот Душебаев.

Што се однесува до натпреварот, Талант не е разочаран од своите ракометари, напротив, задоволен е од играчите и само им замерува за една работа.

„Честитки за Вардар. Не сум задоволен, горд сум на моите играчи, тие се бореа, но многу шанси еден на еден не искористивме. Поради тоа не сум задоволен, инаку денеска игравме добар меч. Честитките одат за Вардар, но и за мојот тим“, дополни Талант.