Србија ја „нокаутира“ Норвешка со проектил пред сирената! (ВИДЕО)

Ракометарите на Србија славеа голема победа во квалификациите за Европското првенство во 2024 година и тоа остварена на спектакуларен начин.

Славејто со 25-24 го заработија, речиси, со звукот на сирената за крај, кога Урош Борзаш упати еден проектил од девет метри „под рака“, низ зоната на Норвежаните. Откако Норвешка изедначи на 24-24, останаа 10 секунди за Србија да постигне гол и успеа во тоа, заработувајќи победа со која го презеде водството во својата квалификациска група. Норвежаните долго во натпреварот водеа, имаа плус четири во првиот дел, 14-12 на паузата, но ги испуштија бодовите. Шанса за реванш ќе имаат в недела на свој терен, во дуел кој ќе реши за првото место во групата во која се уште и Финска и Словачка.