Симултантка на Ханеберг – Пелистер го победи Мотор!

Македонскиот вицепрвак Пелистер ја запиша втората победа во групата Д во Европската лига, после вечерашната победа на гостувањето во Германија против Мотор Запорожје со 33-30, на крилата на летното засилување Себастијан Ханеберг кој даде дури 14 гола во победата.

Мотор беше во егал со Пелистер до средина на првиот дел, по што битолчани ја преземаа контролата на мечот и беа постојано во водство, на полувреме заминаа со плус два (18-16), а осум минути во вториот дел имаа и најголеми плус пет (23-18) како вовед кон победата.

Со сигурен Лејсјак на голот и ептен рапсоложениот Ханеберг, Пелистер ја имаше контролата на мечот, а десет минути пред крајот дојдоа до најубедливите плус шест (32-26) и потоа само рутински го приведоа мечот кон крајот за да ја запишат втората победа.

Покрај Ханенберг, четири гола даде Радовиќ, а Турченко со седум беше најефикасен кај Мотор.