Русија ја здроби Романија во вториот дел за пласман во големото финале

Селекцијата на Русија е првиот финалист на Европското ракометно првенство што се одржува во Франција, откако предмалку ја совладаа Романија со 28-22. 

Романките играа над очекувањата во првиот дел и го диктираа водството. Во неколку наврати имаа и водство од +3, но Русинките одговорија со фуриозен финиш, па на паузата заминаа со предност од 16-15.

Вториот дел започна очајно за Романија, која речиси десет минути беше без погодок, а тоа и дозволи на Русија да ја полни мрежата на противникот. Романија во вториот дел постигна само шест гола, па поразот од 28-22 беше очекуван. 

Ана Вјакирева одигра феноменален натпревар за Русија, која постигна 13 голови. Во отсуство на најдобрата ракометарка на Романија, Кристина Неагу, најефикасна беше Ана-МАрија Драгут со четири голови. 

За актуелниот олимписки шампион ќе атакува на својата прва титула на Европските првенства. Противник на „зборнајата“ ќе биде подобрата селекција од второто полуфинале помеѓу Франција и Холандија.