Ристовска има еден од најдобрите голови на ЕП (ВИДЕО)

Македонските ракометарки доживеаја три порази на Европското првенство (ЕП) за жени на кое бевме едни од домаќините, а по истото беа објавени топ-10 головите од натпреварувањето и еден од нив има Сара Ристовска.

Ристовска е единствена македонска репрезентативка во топ-10, откако нејзиниот гол против Холандија беше избран за десетти најубав на првенството.