Рација на Вардар - Мешков: Полицијата ги легитимира и ги избрка малкуте присутни! (ФОТО)

Откако Вардар ги изненади непријатно малкуте присутни во „Јане Сандански“ со 12-20 по првото полувреме со Мешков Брест, на паузата ги чекаше нов шок. Полицијата сите ги избрка.

Околу 30-тина припадници на МВР ја испразнија единствената трибина на која има публика не само на овој, туку на сите натпревари на Вардар во ЛШ од почетокот на сезонава. Тоа е обично публика составена од семејствата и роднини и пријатели на ракометарите, спонзорите на клубот и нивните најблиски.

Цела сезона не постоеше проблем, но на последниот меч од групната фаза органите на редот сите ги избркаа и ги легитимираа. Во Македонија забранети се собири и, официјално, нема публика на спортските настани, но во сите сали и стадиони, сепак - има по некој гледач.