ПСЖ пак ќе копира рецепт на Вардар за титула во ЛШ - првиот пат не им успеа!

Ракометниот гигант од Франција, ПСЖ очајно посакува титула во Лигата на шампионите, но засега никако да стигнат до неа.

Французите се обидоа до европскиот трон да стигнат со Раул Гонзалез кој подолго време беше таму, но не успеаа.

Новите информации велат дека за нов тренер ќе го ангажираат и вториот тренер со кој Вардар ја освои Лигата на шампионите, Роберто Парондо.

Според „РТХендбол“, Роберто Парондо ќе замине од Мелсунген и од следната сезона ќе биде нов тренер на ПСЖ.