ПСЖ на колена пред Нант, четири гола за Лазаров!

Македонскиот селектор и ракометар Кире Лазаров одигра многу добар меч против ПСЖ и му помогна на Нант да слави со 25-24 во францускиот шампионат.

Парижаните беа огромни фаворити во денешниот натпревар, но Лазаров и неговите соиграчи успеаа да го изненадат лидерот во шампионатот откако го добија првото полувреме со 13-12.

Нант во второто полувреме играше многу подобро во нападот, па на 10 минути пред крајот нивната предност изнесуваше 23-20, по што ПСЖ успеа само да намали на еден гол негатива (24-25).

Лазаров постигна четири гола од шест обиди против ПСЖ, колку што имаа и Балаге и Мине.